Управата на Ливерпул е заинтересирана во зимскиот преоден рок да го купи дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало Инасио.
Голем број екипи се заинтересирани за Инасио, но Ливерпул е подготвен да ја плати сумата која ја бара Спортинг, а тоа е 60 милиони евра.
Според португалските медиуми, двата тима веќе се во преговори кои одат во посакуваната насока и најверојатно Инасио во јануари ќе се пресели во Ливерпул.
Доколку се реализира трансферот, Инасио ќе биде третиот фудбалер кој во последните две години од португалски тим се сели во Ливерпул. Црвените во јануари 2022 година од Порто го купија Луис Дијас, а во летото истата година на „Енфилд“ пристигна Дарвин Нуњес од Бенфика.