Ливерпул тргна по Асенсио, Реал постави услов

Европскиот првак Ливерпул испрати официјална понуда за офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Црвените се подготвени да потрошат до 65 милиони евра за да ги добијат услугите на одличниот Шпанец, но Кралевите поставија услов кој доколку не се прифати, нема да го одобри трансферот.

Реал сака во договорот на Асенсио да стои повратна откупна клаузула според која ќе можат да го вратат играчот назад на „Бернабеу“ за одредена сума за која дополнително ќе се преговара. Ливерпул ова не сака да го прифати, па сега се во дилема дали да ја зголемат понудата или, пак, да се откажат од потписот на Асенсио.

Самиот фудбалер нема ништо против да се пресели на „Енфилд“, со неговите квалитети Клоп ќе добие екстра засилување во нападот, иако веќе го има застрашувачкото трио Фирмино – Салах – Мане.

https://twitter.com/jamesmccann74/status/1148544789375324167?s=21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести