18.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Ливерпул убедлив на првиот меч против Атлетик Билбао на „Енфилд“ (Видео)

Ливерпул и Атлетик Билбао се одлучија на чуден потег, да одиграат два меча еден по друг на „Енфилд роуд“. Двајцата тренери имаат голем број на фудбалери на располагање, па сакаат да им дадат шанса на сите, а штотуку заврши првиот, кој заврши убедливо во корист на „црвените“.

Шампионот на Англија славеше со 4-1, а победникот беше решен уште во петтата минута. 16-годишниот Нгумоха и втор натпревар успеа да се запише во листата со стрелците, погодувајќи уште во втората минута.

Дарвин Нуњес во петтата минута зголеми на 2-0, а во 43-тата минута, голманот на Атлетик Билбао, Падиља, си постигна автогол.

Во второто полувреме уште два гола на „Енфилд“, по еден во двете мрежи. Елиот во 58-мата зголеми на 4-0, а Гурузета во 76-тата минута го постигна почесниот погодок за „баскијците“.

- Оглас -

Најнови вести