Ливерпул повторно ги разочара своите навивачи откако на „Енфилд роуд“ одигра само нерешено 1:1 против аутсајдерот Барнли, во меч од 22 коло на Премиер лигата. Домаќинот беше голем фаворит пред средбата и стигна до предност во 42 минута со голот на Вирц, кој може да го видите ТУКА.
Сепак, во второто полувреме, Барнли кој е во зоната за испаѓање, стигна до 1:1 со голот на Едвардс во 55 минута и може да го видите ТУКА.
До крајот на средбата Ливерпул се обидуваше повторно да стигне до водство, но не успеа да даде втор погодок.
Челзи ги израдува домашните навивачи на „Стемфорд бриџ“ откако со 2:0 славеше над Брентфорд. Жоао Педро погоди во 26 минута за радост на домаќините, а сите дилеми околу победникот беа решени кога Кол Палмер од пенал во 76 минута зголеми на 2:0.
Во останатите мечеви кои се играа од 16 часот: Лидс – Фулам 1:0, Сандерленд – Кристал палас 2:1, Тотенхем – Вест хем 1:2.
Во пладневниот термин, Манчестер јунајтед со 2:0 го победи градскиот ривал Манчестер сити.

