Ливерпул в сабота ќе собори рекорд стар 75 години

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, в сабота ќе го пречека Барнли и ќе има шанса да собори рекорд стар 75 години.

На легендарниот стадион „Енфилд роуд“ ќе може да присуствуваат 60.000 гледачи, што ќе претставува рекордна посета на домашен натпревар на Ливерпул во најсилната англиска лига.

Досегашната рекордна посетеност на „Енфилд“ на првенствен натпревар е од далечната 1949 година, кога дуелот со Челзи (2:2) го следеле 58,757 гледачи.

Наредниот месец, капацитетот на „Енфилд“ би требало да биде уште поголем бидејќи за март е предвидено да заврши комплетната реконструкција на стадионот и капацитетот да изнесува 61.000 седишта.

Рекордната посетеност на натпревар на Ливерпул на „Енфилд“ во сите натпреварувања изнесува 61,905 гледачи од февуари 1952 година, кога Црвените играа против Вулверхемптон (2:1) во рамките на ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести