Сезоната допрва започнува, а веќе се случува необична ситуација. Ливерпул вчера попладне играше против Манчестер сити во Комјунити шилд и победи со 3:1, а веќе вечерва следи нов дуел на Црвените.
Во пријателски меч, Ливерпул на „Енфилд роуд“ е домаќин на францускиот тим Стразбург. Тренерот на англискиот гигант Јирген Клоп сигурно ќе ги одмора најдобрите играчи кои вчера се изборија за првиот трофеј во сезоната, но Ливерпул има доволен број на квалитетни играчи за да може да состави екипа која рамноправно ќе парира и ќе биде фаворит за нов триумф вечерва.
Освен овој меч, низ Европа ќе се одиграат и други контролни средби кои ги има на понудата на Sport Life. Манчестер јунајтед е домаќин на Рајо Вајекано, Олимпик Марсеј игра против Милан, Фиорентина против Галатасарај, а Наполи е домаќин на Мајорка.