1091 Нотингем форест – Манчестер сити (17:30)
Спасот на сезоната за Манчестер сити е англискиот ФА куп, единственото натпреварување во кое се уште имаат шанса да освојат трофеј. „Граѓаните“ ќе треба прво да го минат Нотингем форест во полуфиналето, а дури потоа да излезат на мегдан со Кристал палас во големото финале. Пеп Гвардиола сигурно дека ќе фрли се на една карта на денешниот меч и ќе сака да се повтори резултатот од домашниот меч против „шумарите“ од Премиер лигата, кога победија со 3-0.
Предлог тип: 2 (1.76)
1008 Ливерпул – Тотенхем (17:30)
Веќе е јасно дека Ливерпул ќе биде новиот шампион на Англија, но „црвените“ тоа треба да го потврдат вечерва на мечот против Тотенхем, за и теоретски да го освојот трофејот. Избраниците на Арне Слот имаат предност од 12 бода пред Арсенал, па потребен им е само бод од дуелот против Тотенхем, но сигурно дека ќе сакаат да ја прослават титулата со ефектна победа пред своите навивачи. Последниот меч помеѓу овие две екипи на „Енфилд“, во рамки на полуфиналето од Лига купот на Англија заврши во корист на „црвените“ со 4-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.07)
1809 Вердер Бремен – Ст. Паули (17:30)
Германското првенство е едно од најефикасните во Европа, па нормално е да се очекуваат голови на мечот помеѓу Вердер Бремен и Ст. Паули. на досегашните 30 натпревари на домашниот состав се постигнати вкупно 102 гола оваа сезона, што е просек далеку над три гола по натпревар.
Предлог тип: 3+ (1.86)
3004 Аталанта – Лече (20:45)
Аталанта е во пол-позиција за пласман во Лигата на шампионите, но ако сака да ја задржи таа позиција ќе мора да победи против Лече на домашен терен. Екипата од Бергамо игра одлична сезона, а минатото коло го победија Милан со 0-1 на гостински терен. Таа победа ширум им ги отвори портите за елитното натпреварување, а сега ќе треба да го потврдат тоа и со домашна победа против 17-тата екипа на табелата. На последните три меѓусебни натпревари, Аталанта го победуваше Лече, а на последниот дуел беше 4-0 за екипата од Бергамо.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.73)
3009 Јувентус – Монца (18:00)
Јувентус води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите со Болоња, Лацио, Рома и Фиорентина, па мечот против „фенерџијата“ Монца се очекува да биде само полесен тренинг за избраниците на Игор Тудор. После неочекуваниот пораз од Парма, „старата дама“ едноставно нема право на грешка на денешниот меч против Монца.
Предлог тип: 1 & 30+min (2.55)