11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Ливерпул веќе џабе ќе игра, не може да се најде во друштво на Барселона, Реал, Јувентус и Сити

По 30 години чекање, Ливерпул сезонава конечно стигна да се израдува на титула во англиското првенство. Гигантот од „Енфилд роуд“ имаше речиси перфектна сезона, па шампионскиот трофеј го освои дури на седум кола пред крајот, што е рекорд.

Сепак, откако стана јасно дека е шампион, Ливерпул како да се релаксира. Тимот на Јирген Клоп одигра пет меча како нов првак, а победи само двапати. Ливерпул загуби во дерби-дуелите од Манчестер сити и Арсенал, ремизираше со Барнли, а ги победи Астон вила и Брајтон.

Сепак, загубените бодови во последните пет кола направија Ливерпул да ја загуби трката за едно неверојатно постигнување, а тоа е да стигне до 100 бода на крајот од првенството. По неуспехот кај Арсенал, оваа мисија на Ливерпул ќе остане неостварена затоа што на две кола до крајот, лидерот има 93 бода, што значи дека може да освои максимум уште шест бода и на крајот да заврши со 99 поени, но не и со посакуваните 100.

Низ историјата на Топ-5 лигите во Европа, само четири клуба успеале да ја достигнат магичната граница од 100 бодови. Тоа им успеало на:

Реал Мадрид во сезоната 2011/12

Барселона во сезоната 2012/13

Јувентус во сезоната 2013/14

Манчестер сити во сезоната 2017/18

 

- Оглас -

Најнови вести