Ливерпул веќе може да го подготвува шампионското славје (Видео)

Ливерпул се намачи, но на крајот го победи Вест хем со 2:1 во меч од 32 коло на англиската Премиер лига. Со оваа победа, Ливерпул направи уште еден голем чекор кон освојување на титулата во првенството. Црвените од „Енфилд роуд“ се лидери со 76 бодови, додека второпласираниот Арсенал има 63 бодови. До крајот на првенството има уште шест кола.

Ливерпул добро го започна мечот и поведе со голот на Луис Дијаз во 18 минута. Потоа мрежите мируваа се до финишот на средбата. Во 86 минута Вест хем со автоголот на Енди Робертсон израмни на 1:1.

По израмнувањето, Ливерпул покажа шампионски карактер и само три минути по примениот погодок, повторно поведе. По еден изведен корнер, Вирџил ван Дајк со глава ја матираше одбраната на гостите. Голот за победа од 2:1 може да го видите ТУКА.

Вулверхемптон на свој терен со 4:2 го победи Тотенхем, а Челзи се спаси од пораз на „Стемфорд Бриџ“ во дуелот со Ипсвич и одигра 2:2, откако гостите водеа со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести