Ливерпул во 2019 година освои 98 бода во Премиер лигата, но тоа не е рекорд

Ливерпул со 82 бода од последните 84 можни прави нешто што ги воодушевува сите кои ја гледаат Премиер лигата. Доминацијата која Црвените ја прикажуваат сезонава е невидена, но на тимот на Јирген Клоп му фалеше уште еден натпревар за да изедначи еден историски рекорд, оној по бројот на бодови во календарска година.

Рекордер по бројот на премиерлигашки бодови во една година е Манчестер јунајтед од 1993. Во таа година Црвените ѓаволи освоија 102 бода. Сезоната 1992/93, која беше прва под името Премиер лига, ја завршија со шампионска титула, со 10 бода предност пред Астон вила.

Манчестер и наредната сезона 1993/94 ја почна одлично. Кантона, Гигс, Хјуз и останатите ги мелеа противниците, па годината ја завршија дури со 102 бода. Тоа остана рекорд, веројатно и затоа што Ливерпул не одигра некој меч повеќе годинава. Веќе објавивме за неколку рекорди, но не успеаја првпат да ја надминат границата од 100 бода во календарска година, па им останува да се обидат да направат стотка во една сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести