23.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Ливерпул во јануари ќе го купува Роналд Араухо

Англискиот шампион Ливерпул планира во зимскиот преоден рок да го ангажира дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, кој може да покрие позиции и како стопер и како десен бек. Уругвајскиот репрезентативец во јануари го продолжи договорот со каталонците до јуни 2031 година, но бидејќи веќе не е стандарден првотимец, можно е да се раздели со клубот, решение што би било корисно и за него, и за Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Ливерпул наводно е подготвен да понуди 50 милиони евра обештетување за Араухо, сума што би ѝ помогнала на Барселона, која и натаму се соочува со финансиски проблеми.

Араухо најголемиот дел од есента минатата сезона го пропушти поради повреда, а по враќањето на теренот повеќе не беше прв избор. Во новата сезона ситуацијата не се промени, тренерот Ханси Флик го остави на клупа во последните три првенствени натпревари.

Ливерпул има потреба од нов централен дефанзивец, бидејќи на крајот на сезоната најверојатно ќе остане без Французинот Ибрахима Конате. Според британските медиуми, Конате одбил продолжување на договорот кој истекува во јуни идната година и наводно веќе постигнал усмен договор со Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести