16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ливерпул во јануари ќе купува две ѕвезди на Борусија Дортмунд

Раководството на Ливерпул подготвува понуди за две од ѕвездите на Борусија Дортмунд. Очекувањата се дека понудите ќе бидат испратени уште во зимскиот трансферен прозорец, пишуваат англиските медиуми.

Интересот на Црвените кон напаѓачот на Жолто-црните, Карим Адејеми, не е нов и клубот ќе направи нова офанзива за него веднаш штом се отвори трансферниот прозорец во јануари.

Ливерпул исто така покажува интерес и за дефанзивецот на Борусија Дортмунд и германскиот репрезентативец Нико Шлотербек.

Во текот на летото Ливерпул не беше многу активен на трансферниот пазар, успевајќи да доведе само две нови засилувања во форма на голманот Гиорги Мамардашвили и напаѓачот Федерико Кјеза. Првиот дури не пристигна на „Енфилд“, туку беше оставен да игра како позајмен во неговиот досегашен клуб Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести