Фудбалерите на Ливерпул прекинаа серијата од четири натпревари без победа во Премиер лигата откако вечерва со 2:0 го победија градскиот ривал Евертон во рамките на 23-тото коло од Премиер лигата.
Ова беше 98-ма победа за Ливерпул во дербито „Мерсисајд“, а победата ја обезбедија Мохамед Салах и Коди Гакпо.
Првиот гол Ливерпул го постигна во 36-тата минута преку Салах, кој со гол го круниса одличниот контранапад на Ливерпул откако десетина секунди претходно Тарковски на спротивната страна ја погоди стативата.
⚽️ GOAL: 1-0 #LIVEVE #MerseysideDerby #LFC take the lead with Salah finishing off a fine breakaway move.
— AnfieldIndex (@AnfieldIndex) February 13, 2023
На стартот од второто полувреме, во 49-тата минута, Коди Гакпо ги постигна првиот гол во дресот на Ливерпул и ја завери победата на својот тим.
First of many goal for Cody Gakpo!https://t.co/5c0JRooHEi
— ︎ (@LuisDiazzler) February 13, 2023
Со триумфот, Ливерпул го прескокна Челзи на табелата и сега е деветти со 32 бода, дури девет помалку од четвртопласираниот Њукасл, кој се наоѓа на позицијата која носи во Лигата на шампионите.
Евертон, пак, остана на 18-тото место со 18 бода.