Ливерпул во невозможна мисија, а мрежите на „Енфилд“ сигурно ќе се тресат

Ливерпул – Барселона (21 часот)

Црвените на Јирген Клоп веруваат во чудо, иако трите гола негатива од првиот дуел на „Камп ноу“ се чинат како недостижни. За мисијата да биде уште поневозможна, Салах и Фирмино нема да можат да им помогнат на своите соиграчи на тревата на „Енфилд“. Ван Дајк вчера не тренираше, па ако не игра ниту столбот на одбраната, ќе нема кој да го спречи Лео Меси.

Но, 90 минути се доволни за три погодоци, она што е јасно е дека Ливерпул нема да се предаде без борба.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.80) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Ер јунајтед – Инвернес (20:45 часот)

Битката за опстанок во шкотската елита започнува од тука, Ер ќе ја има предноста на домашен терен во првиот дуел против Инвернес. Домаќините ќе се обидат да го направат првиот чекор кон следната фаза од доигрувањата за опстанок, каде што ги чека Данди јунајтед.

Сепак, за тоа ќе треба добро да се испотат бидејќи имаат само еден триумф против нивниот денешен противник во последните пет меѓусебни средби, додека во три меча претрпеле порази. Инвернес знаел да победува и со 7-0 на „Сомерсет парк“, но тоа последен пат се случи во 2010 година.

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.05) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Интер Турку – РоПС (17:30 часот)

Финскиот вицешампион не ја отвори сезоната како што планираше, претрпе три непланирани порази, од кои два се на домашен терен. Но, со минималната победа од 1-0 над Хелсингфорс од минатото коло можеби им се врати и самодовербата, па сега ќе сакаат да врзат два позитивни резултати.

Интер Турку е во слична позиција. Три порази во првите шест кола не е посакуван учинок ниту за двете екипи. Иако РоПС три години чека гостинста победа кај Интер, големиот број погодоци во изминатите неколку меѓусебни средби ветува дека ќе има интересна пресметка.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.60) – квота на денот во Sport Life обложувалници 

 

ВПС -Хелсинки (17:30 часот)

Шампионот наиде на проблеми по двете врзани победи на стартот од шампионатот во Финска. Четири ремија и пораз во изминатите пет кола не е посакувана форма на Хелсинки, но денес имаат добра шанса да стават крај на низата неуспеси на гостувањето кај ВПС.

Фудбалерите на Хелсинки издвојувале победи против нивниот денешен противник во последните пет меѓусебни средби, така што не им е проблем повторно да се радуваат далеку од дома.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.96)

 

Брно – Храдец Кралове (17:00)

На четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во чешката Прва лига се води битка за третото место, кое води во доигрувањата и борба за шампионската титула. Брно е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона, а денес со евентуална победа над третопласираниот Храдец, ќе ја преземе таа позиција.

Само еден бод ги дели двете екипи на табелата, така што се очекува неивесен дуел, а нема да биде изненадување ако се постигне мал број погодоци. Храдец како гостин кај Брно има подобар биланс ако се гледаат последните пет средби, на двапати издвојувале победи, а двапати останувале непоразени.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести