Ливерпул во „пет до 12“ ќе купи централен дефанзивец

Ливерпул е на чекор од реализација на трансфер на дефанзивецот Бен Дејвис, кој треба да донесе сигурност во одбраната на англискиот првак. Дејвис е играч на Престон во втората англиска лига, но Јирген Клоп е под притисок дека мора да најде играч за централната дефанзивна линија, каде што сезонава смени многу играчи.

Во 21 одигран првенствен дуел досега на стоперската позиција како доу играа дури 12 различни фудбалери. Последни на таа позиција беа Џордан Хендерсон и Наталијан Филипс, кои воопшто не се класични дефанзивци. Од оние коишто играат како стопери во Ливерпул, на листата на повредени, и тоа на подолг период се Вирџил ван Дајк, Џо Гомес и Жоел Матип.

Дејвис сезонава одигра 19 меча во тимот на Престон и е незаменлив во тимот, кој сега може да добие два милиони евра од неговиот трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести