Ливерпул води против Арсенал а Клоп и Артета за малку ќе се степаа (ВИДЕО)

Ливерпул има водство по првото полувреме против Арсенал, со 1:0.

Благодарение на голот на Садио Мане во 40. минута, црвените од Енфилд имаат мала предност на полувремето.

Дополнителна жестина на ова дерби му дадоа и тренерите, Јирген Клоп и Микел Артета кои во 33. минута за малку не се степаа и мораа да бидат раздвојувани од судиите.

За овој потег и двајцата тренери добија жолти картони, иако главниот арбитар можеше комотно да ги испрати кон трибините.

- Оглас -

Најнови вести