Ливерпул за 70 милиони евра ќе донесе играч кој беше светски шампион со Аргентина

Алексис Мекалистер имаше одлична сезона како на клупски така и на репрезентативен план. Сезонава во дресот на Брајтон, Мекалистер одигра 39 меча, во коишто постигна 12 погодоци и беше еден од најдобрите во историската сезона на клубот кој обезбеди место во европските купови за следната сезона.

Освен со Брајтон, Мекалистер пред неколку месеци во дресот на аргентинската репрезентација стигна до титулата на Мундијалот во Катар.

По овие одлични настапи на Мекалистер, Аргентинецот се најде во фокусот на Ливерпул, а најавите се дека во најскоро време треба да се комплетира трансферот. Најавите се дека Мекалистер за сума од 70 милиони евра да премине во тимот од „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести