20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ливерпул за да го добие Исак, ќе мора да подготви 300 милиони евра

Александер Исак од Њукасл е најголемата желба на Ливерпул ова лето, но за реализација на овој трансфер, раководството на Црвените ќе мора да потроши вистинско богатство.

Вредноста на шведскиот репрезентативец се проценува на 120 милиони евра, но таа сума нема да биде доволна за негов ангажман. Њукасл посакува да добие 150 милиони фунти, односно 172 милиони евра, а вредноста на трансферот ќе достигне и многу повисока цена.

Ако се пресметаат и провизиите за неговите агенти, како и платата која би ја добивал Исак, тоа се дополнителни 115 милиони евра, па целиот трансфер би можело да чини и речиси неверојатни 300 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести