10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Ливерпул за јуни го испланирал потписот на Френки де Јонг

Раководството на Ливерпул размислува за можноста да потпише со 27-годишниот играч за врска на Барселона, Френки де Јонг, во летниот преоден рок. Црвените се надеваат дека со Холанѓанецот ќе ја засилат средината на теренот за следната сезона.

Од Барселона се подготвени за разделба со холандскиот фудбалер за 35 милиони евра.

Покрај Де Јонг, Ливерпул го следи и 23-годишниот играч на Штутгарт, Анџело Стилер.

Оваа сезона Френки де Јонг учествуваше во 21 натпревар во сите конкуренции, постигна два гола и имаше една асистенција. Неговиот актуелен договор е важечки до летото на 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести