Ливерпул во летото 2018 година плати 60 милиони евра за, како што се очекуваше, големо засилување. Од Лајпциг на „Енфилд“ денес пристигна 29-годишниот Наби Кејта.
Сепак, играчот од средниот ред од Гвинеја не ги оправда очекувањата на 129 натпревари, колку што одигра за Ливерпул, по што го напушти клубот.
Минатата година како слободен играч замина од Ливерпул и се врати во Германија, каде што потпиша за Вердер Бремен.
Од летото 2023 година до денес има само пет настапи за германскиот тим, главно поради тоа што најголемиот дел од времето беше повреден.
Повредите го мачеа и додека беше во Англија, а сега направи нов чекор наназад во својата кариера.
Германскиот тим одлучи да се раздели со него. Неговата следна дестинација е Унгарија, каде што ќе игра за Ференцварош. Неговиот најнов клуб за него ќе плати само еден милион евра, дури 60 пати помалку од трансферот што го имаше во Ливерпул пред шест години.