11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Ливерпул за рекордно брзо време го „матира“ Атлетико, голеада во Минхен (Видео)

Ливерпул има предност од 2:1 против Атлетико Мадрид во меч од Лигата на шампионите. Уште во првите шест минути англискиот тим ја покажа силата и постигна два гола. Енди Робертсон погоди во четвртата минута по слободниот удар на Мохамед Салах, а само две минути подоцна, Салах зголеми на 2:0.

Ова е првпат во 15-годишната ера на тренерот Диего Симеоне во Атлетико, тимот од Мадрид да прими два гола во првите шест минути од средбата. Сепак, Атлетико како многупати досега се врати и со погодокот на Љоренте во 45+3 минута намали на 2:1 за возбудливо второ полувреме.

Домашниот терен засега го користи и Баерн Минхен, кој води со 2:1 против Челзи. Гостите прво си постигнаа автогол, а потоа Кејн погоди за 2:0 од пенал.

 

Челзи не се предаде и со погодокот на Кол Палмер намали на 2:1 за интересно второ полувреме.

Водство од 2:0 има Пари Сен Жермен во Париз против Аталанта, а Интер со голот на Турам води со 1:0 на гости кај Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести