Ливерпул за светски рекорд: Прв клуб со над 100 милиони фунти профит

Раководството на Ливерпул пријави рекорден профит од 106 милиони фунти (125 милиони евра) остварен изминатата сезона без пресметан данок. Англискиот гигант со тоа стана првиот клуб во светот кој ја надминува границата од 100 милиони фунти, најголем придонес за тоа има пласманот во финалето од Лигата на шампионите, како и продажбата на Филипе Кутињо во Барселона (142 милиони фунти).

Во изминатите 12 месеци прометот на Ливерпул од 90 милиони фунти порасна на 455 милиони, телевизиските права ја достигнаа сумата од 220 милиони фунти, додека 154 милиони фунти се заработени од реклами. До 81 милион фунти порасна и приходот на денот кога „црвените“ настапуваат.

Од потрошените 190 милиони фунти за нови засилувања, Ливерпул врати дури 137 милиони фунти со продажба на неколку фудбалери.

Претходно овој рекорд го држеше Лестер, заработката пред пресметан данок на шампионот на Англија од сезоната 2016/17 стигна до 92,5 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести