Ливерпул заборави да дава голови, им пресуди нeгов поранешен играч (Видео)

Саутхемптон со 1-0 го победи премиерлигашкиот првак Ливерпул со голот на Дени Ингс во третата минута од натпреварот, кога го лобуваше Алисон Бекер. Ливерпул има пост од речиси 300 минути без постигнат гол, па првото место на табелата му е загрозено.

За Ингс тоа беше 50-ти гол на 124-тиот настап во Премиер лигата, а овој вечерашниот му беше најбрз (по 111 секунди) во кариерата. Ингс од 2015 до 2019 година беше член на Ливерпул, за кого даде само три гола.

На голот на Светците беше Фрејзер Форстер, кој за првпат по декември 2017 година бранеше на стадионот „Сент Мери“.

Ливерпул само вторпат со Јирген Клоп на клупата не успеа да даде гол на два меча по ред. Првиот пат тоа им се случи во мај 2018 година, кога одиграа 0-9 со Стоук сити, па загубија 0-1 од Челзи. Вечерва Ливерпул првиот шут во рамките на голот го упати во 75-тата минута.

Ова е голот на Ингс:

https://twitter.com/i/status/1346189176132124672

- Оглас -

Најнови вести