Победата над Лестер од 3-0 за Ливерпул значеше поставување на клупски рекорд од 64 натпревари едноподруго без пораз на домашен терен во лигашки натпревари. Црвените го надминаа стариот рекорд кој го направија во периодот од 1979 до 1981 година, кога 63 пати едноподруго останаа непоразени на нивниот „Енфилд роуд“.
Јирген Клоп изгради тим кој ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, а овој рекорд е уште едно признание и за него како тренер. Последниот пораз на Ливерпул дома во премиерлигашки меч беше на 23 април 2017 година, кога загубија од Кристал палас со 1-2. Оттогаш поминаа повеќе од 1.300 дена, а Ливерпул ниту еднаш не го напушти теренот како поразен, дури и во вакви услови кога игра без своите верни фанови.
Инаку, премиерлигашкиот рекорд го држи Челзи, кој имаше 86 меча по ред без пораз на „Стемфорд бриџ“ во периодот од 2004 до 2008 година. Таа убава серија на Челзи ја прекина Ливерпул.