23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Ливерпул загриза за шампионот на Шпанија

Јирген Клоп врши напори да го засили средниот ред по заминувањето на Џини Вајналдум, а прва цел му е играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.

Шпанските медиуми тврдат дека е погдотвена понуда од 40 милиони евра за да се достави до шпанскиот првак, но прашање е дали Атлетико ќе ја прифати. За Саул во минатото се одбиваа понуди двојно побогати од споменатата сума, кој долго време беше на листата потенцијални засилувања на Манчестер јунајтед.

Втора опција на Клоп е Ренато Санчес, кој ја поврати формата откако заигра за Лил, а беше големо разочарување на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести