Ливерпул загуби на дебито на Арне Слот од нисколигаш со ефектен гол од 30 метри (Видео)

Екипата на Ливерпул загуби од Престон норт енд со 1-0 во неофицијален меч кој се одигра зад затворени врати. Овој натпревар беше деби на клупата на „црвените“ на холандскиот тренер, Арне Слот, кој го наследи Јирген Клоп.

Единствениот гол на мечот беше дело на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Барнли, Роби Бреди, кој успеа да погоди со лоб од преку 30 метри. Во екипата на Ливерпул недостасуваа Ван Дајк, Александер-Арнолд, Алисон и Мекалистер.

- Оглас -

Најнови вести