Ливерпул загуби од најслабиот тим во Премиер лигата! (Видео)

Нотингем форест стигна до втората победа во 12 меч од Премиер лигата и тоа на свој терен против големиот ривал Ливерпул. Домаќините се радуваа на триумф благодарение на погодокот на Таиво Авонији во 55 минута. Со овие три бода Нотингем избега од дното на табелата во англиското првенство и сега има девет бода, еден повеќе од Лестер.

Ливерпул останува со 16 бода по 11 одиграни дуели и едноставно тимот на Јирген Клоп уште во првата третина од шампионатот како да покажува дека нема сили да се бори за титулата.

Статистички, Ливерпул имаше дури 76 отсто посед на топка, но тоа беше залудно затоа што гостите од 13-те удари кон противничкиот гол, пет беа во рамките на голот, но домашниот голман Хендерсон сите ги одбрани. Ливерпул изведе и 10 корнери, но тоа не помогна да се скрши отпорот на екипата која по повеќе од 20 години сезонава се врати во елитното англиско друштво.

- Оглас -

Најнови вести