Ливерпул замената за Трент Александер-Арнолд ќе ја доведе од Јувентус?

Шансите Трент Александер-Арнолд да го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната се сѐ поголеми. Неговиот договор истекува, а засега нема напредок во преговорите за продолжување, додека Реал Мадрид останува силно заинтересиран за англискиот бек.

За разлика од него, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах веќе ги продолжија своите договори, оставајќи го Трент како единствениот клучен играч со неизвесна иднина.
Според „Калчомеркато“, Ливерпул не планира да чека до последен момент и веќе активно работи на пронаоѓање потенцијален наследник.

Најсериозна опција е Италијанецот Андреа Камбијасо од Јувентус, кој оваа сезона остави одличен впечаток. Неговата поливалентност и физичка подготвеност прават интересен и за други европски гиганти како Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид.


Јувентус би бил подготвен да го пушти за сума од околу 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести