Светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мекалистер, ги помина лекарските прегледи и ќе биде првото засилување за Ливерпул, објави новинарот Фабирицио Романо.
Според Романо, Мекалистер, кој изминатата сезона настапуваше за хитот во Премиер лигата, Брајтон, ќе се пресели во Ливерпул за 35 милиони фунти.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1666387311326633985?s=20
Оваа сума е двојно помала од таа која ја објавуваа медиумите во најавите на трансферот.
Ливерпул во следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа.