Ливерпул заврши со купување играчи, Клоп е задоволен со тоа што го има, освен…

Ливерпул заврши со ангажирање на нови фудбалери во овој преоден рок, тврди менаџерот на англискиот шампион Јирген Клоп. Германецот смета дека Тијаго Алкантара, Диого Жота и Костас Цимикас даваат доволна длабочина во составот, а нови засилувања би можело да има само при непредвидена серија повреди во наредните денови.

Во моментов, Клоп има проблеми со одбраната, повредени се Жоел Матип и Џо Гомес, а Фабињо не се снајде најдобро како партнер на Вирџил ван Дајк. Друга опција за Клоп е тинејџерот Рис Вилијамс.

„Не очекувам нешто драстично. Имаме добра длабочина. И Фабињо е корисен на тој дел од теренот. Тројца ни се повредија за неколку дена и тоа не е пријатно, но вакви работи не се коригираат со трансфери. Ако не се случи некоја голема трагедија во наредните неколку дена, мислам дека не е потребно да купиме некого“, изјави Клоп, кој не сакаше да коментира дали Ливерпул некого ќе продаде до крајот на преодниот рок на 6 октомври.

- Оглас -

Најнови вести