Ливерпул знае како против Њукасл

1014 Лидс – Бирмингам (16.00 часот)

Тимот од Јоркшир се бори за враќање во Премиер лигата, но има пад во формата, загубија во последните две кола, имаат само една победа во претходните пет рунди и затоа денеска се под притисок дека мора да слават против Бирмингам кој е 20-ти на табелата. Гостите после 25 кола се прилично безбедни од испаѓање, со седум седум бода над опасната зона, за нив и нерешен резултат против Лидс би бил успех. Лидс сезонава нема пораз на свој терен. На стартот на сезонава во август, Бирмингам го победи Лидс со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

 

1015 Лестер – Хадерсфилд (16.00 часот)

Лисиците се убедливо први на табелата во англискиот Чемпионшип и тешко дека ќе ја пропуштат приликата да освојат три бода во дуелот со 21-виот на табелата. Разликата помеѓу овие два тима е дури 37 бода, а треба да се знае и дека Лестер е и најефикасен тим во лигата и тим со најмалку примени голови. Во домашниот тим ќе фалат играчи како Варди, Мекатир и Олбрајтон. Традицијата вели дека секогаш кога овие два тима се среќавале во Лестер, имало три или повеќе голови. Летоска Лестер со 1-0 победи на гостувањето кај Хадерсфилд.

Предлог тип: 1 сигурна (1.70)

 

1017 Норвич – Саутхемптон (16.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои во спротивно расположение ја завршија 2023 година. Норвич губеше во претходните две рунди, а Светците имаат четири победи по ред. Норвич е тим кој има само четири ремија во 25 кола, додека Саутхемптон е трети на табелата и води битка за пласман во Премиер лигата. Двата тима имаат постигнато над 40 голови сезонава, па играта ГГ делува како „сигурица“. Саутхемптон нема пораз уште од септември, а нивниот прв дуел сезонава во август заврши со голеада, резултатот беше 4-4.

Предлог тип: 2 (2.03)

 

1020 Стоук – Ипсвич (16.00 часот)

Стоук е во долниот дел на табелата, 19-ти е, но не знае за пораз од 9-ти декември наваму, има четири нерешени игри во последните пет кола. Ипсвич е втор, се бори за влез во Премиер лигата, но веќе четири кола по ред не знае за победа, па сега загрозена им е втората позиција, а и доста заостануваат зад лидерот Лестер. Летоска нивниот меѓусебен дуел во Ипсвич заврши со 2-0 за тимот тогаш беше домаќин, а вечерва ќе има улога на гостин. Последните седум меѓусебни дуели секогаш им биле со 0-2 погодоци.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.92)

 

1153 Ливерпул – Њукасл (21.00 часот)

Новата година во Премиер лигата почнува со ова дерби во кое Црвените се фаворити, затоа што се први на табелата, имаат мотивација да останат таму, а Чавките имаат четири порази во претходните пет кола и моментно се дури деветти на табелата. Ливерпул е тим со најмалку примени голови во англиското првенство, а Њукасл има просек од речиси два постигнати гола по меч. Њукасл има само две ремија сезонава, вечерва не би се жалеле ако освојат бод. И традицијата е на страна на Ливерпул. Летоска победија со 2-1 на „Сент Џејмс парк“ и тоа со човек помалку на терен, а не загубиле од Њукасл уште од декември 2015 година.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.89)

- Оглас -

Најнови вести