Заврпи серијата од 17 кола без пораз на Њукасл, а Чавките вториот пораз сезонава во премиер лигата го претрпеа од истиот противник од кој во август го загубија и првиот меч, од Ливерпул.
Црвените вечерва како гости славеа со 2-0 и потврдија дека се најнезгоден ривал за Њукасл и тоа не само сезонава, туку речиси цела деценија. Црно-белите од 2015 година наваму не знаат за победа над Ливерпул.
После овој триумф во кој стрелци беа Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, а исклучен беше голманот на Њукасл, Ник Поуп, Ливерпул се доближи на само шест бода негатива зад Њукасл кој е четврти на табелата, па во следниот период ќе се заостри битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Оваа победа е значајна за самодовербата на Ливерпул кој во вторник дома игра против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.