6001 Галатасарај – Ливерпул (18.45 часот)
Турскиот првак во баражот за осминафинале против Јувентус покажа дека е многу опасен тим на домашен терен и тоа треба да биде предупредување за Ливерпул, кого го чека уште попеколна атмосфера во Истанбул. Ливерпул во септември веќе му гостуваше на Галатасарај во лигашкиот дел, турскиот тим победи со 1-0 со гол на Осимен од пенал. Ова е дуел на два тима кои повеќе од еден и пол месец не одиграле нерешено, туку или победуваат или губат. Црвените никогаш не победиле како гости против Галатасарај.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
1011 Милвол – Дерби каунти (20.45 часот)
Милвол е на трето место во Чемпионшип и се бори за директен пласман во Премиер лигата, а овој тим со жестоки навивачи има и пет победи на последните шест лигашки мечеви. Дерби каунти е седми со три бода помалку од шестиот, а шестото место носи разигрување за влез во Премиер лигата. Дерби има две победи по ред и три победи во последните пет кола, но загуби на последните две гостувања. И едните и другите имаат само едно реми во последните десет меча, а во декември, кога се сретнаа на стадионот на Дерби, беше 1-1.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.97)
6003 Аталанта – Баерн (21.00 часот)
Аталанта на драматичен начин ја елиминира Борусија Дортмунд и сега пак има германски ривал како пречка, и тоа големиот Баерн. Баварците се големи фаворити на хартија. Тие речиси ја обезбедија титулата во Бундеслигата, па сега може да се фокусираат на Лигата на шампионите. Последен пат кога Баерн на еден меч даде помалку од два гола беше на 24 јануари. Аталанта има серија од пет меча по ред во сите натпреварувања на кои и дава и прима гол. Баерн сезонава има само еден пораз на гости, и тоа од Арсенал.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.19)
6004 Атлетико М. – Тотенхем (21.00 часот)
Подобриот од овој двомеч оди на Барса или Њукасл, па можно е шпанско или англиско четвртфинале, што е мотив плус за Јорганџиите и Петлите. Тотенхем е во очајна ситуација, му се заканува испаѓање од Премиер лигата, но во Лигата на шампионите е обратно, таму блескаа, беше четврти на табелата и тоа му е шанса за излез од кризата. Но, против себе го имаат непредвидливиот Атлетико. Атлетико дома не играл нерешено уште од август, а Тотенхем не знае за победа уште од крајот на јануари, кога го доби Ајнтрахт во својот претходен меч во ЛШ.
Предлог тип: Х било кога (2.15)
6007 Њукасл – Барселона (21.00 часот)
Каталонците во септември гостуваа на „Сент Џејмс парк“ во лигашкиот дел од ЛШ и победија со 2-1. Тогаш двата гола ги даде Англичанецот Рашфорд. Њукасл еднаш ја има победено Барса, но тоа беше одамна, пред 29 години. Барселона може да се пофали дека не прими гол на три од последните четири меча во сите натпреварувања. Њукасл викендов загуби од Манчестер сити, но пред неполна недела го совлада Јунајтед. Барселона има проблем со бековите, повредени се Кунде и Балде, а кај Чавките ќе го нема Бруно Гимараиш, без кого средниот ред е послаб.
Предлог тип: 12 & ГГ (2.15)

