Лизгачкиот на Варламов е хит – Ајландерс ја предизвикаа Тампа Беј на шести меч (Видео)

Џордан Еберле одигра капитенски за Њујорк ајландерс и со златен гол во 13-тата минута од второто продолжение му донесе победа од 2:1 на својот тим за намалување на 2:3 во вкупен резултат против Тампа беј лајтнингс во финалната серија во Источната конференција на НХЛ-лигата.

https://twitter.com/NYIslanders/status/1306080376352313344?s=20

Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, па мораа да се одиграат уште 32.5 минути дополнително време за да се реши победникот во петтиот меч.

Вистински јунак за опстанок на Ајландерс во плејофот беше голманот Семион Варламов, кој одбрани 36 удари, а неговиот лизгачки старт во прославата на победата стана хит на социјалните мрежи.

Екипата од Њујорк беше на работ на елиминација по поразот во четвртиот меч и немаше право на пораз ниту во петтиот меч што го доби со златниот гол на Еберле, ниту во следните два меча, ако воопшто има седми меч.

Тампа Беј имаше шанса да ја заврши серијата и да се пласира во големото финале, каде што Далас старс го чека противникот во битката за пехарот во популарниот Стенли куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести