Лофтус-Чик и официјално претставен во Милан

Рубен Лофтус-Чик и официјално е нов фудбалер на Милан, информираа од клубот на социјалните мрежи. Тој од екипата на Челзи се сели во милано во трансфер вреден 16 милиони евра плу 4 милиони евра во бонуси, иако неговата вредност според Трансфермаркет е 25 милиони евра.

Лофтус-Чик и Милан потпишаа четиригодишен договор, а личните услови не се откриваат.

Фудбалерот од средниот ред на англиската репрезентација оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања за Челзи без да се запише во листата на стрелците.

 

- Оглас -

Најнови вести