6202 Велс – Данска (18ч)
Фудбалерите на Велс и Данска ја имаат честа да означат старт на нокаут фазата на Европското првенство со меѓусебната битка која ќе ја водат на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам. Данците ја имаат фаворитската улога, но тоа не им гарантира дека лесно ќе се изборат против Герет Бејл и Змејовите, кои беа најпријатното изненадување на претходниот континентален собир со пласманот до полуфиналето.
Од 1964 година се бележи првиот меѓусебен дуел меѓу овие две селекции кој припадна минимално на Данска, а во вкупно девет средби редовно имало победник. Велс доби три од нив, од кои две биле во европски и мундијалски квалификации, но и еден пријателски меч од 2008 година. Потоа Данска двапати беше подобра во Лигата на нациите со 2-0 и 2-1, што наговестува сличен исход и во холандската метропола.
Предлог тип: X2 & 2-5 (1.82)
6902 Италија – Австрија (21ч)
За Аѕурите дури сега почнува ЕП ако се знае дека прилично лесно издоминираа во групата А со три победи и гол разлика 8-0. Италија со Роберто Манчини не знае за пораз во 31 меч, а воедно е во неверојатна серија од 11 последователни победи во кои постигна 33 гола, а не прими ниту еден.
Австријците се надеваат дека ќе ја спречат неверојатната низа на Аѕурите поради што тие ќе бидат без капитенот Кјелини, кој е столб на одбраната на еднократниот европски првак.
Дополнителна гаранција за Италијанците е фактот што досега немаат загубено меч против Австрија, славеа во шест од вкупно осум дуели со тоа што последната средба од 2008 година заврши со пријателски 2-2.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.96)
1279 Слиго роверс – Бохемијанс (20:45ч)
Слиго претрпи пад во формата во последните три кола со само еден освоен бод, додека Бохемијанс оствари четири победи со едно реми и планира да продолжи во таков ритам. Гостите држеа добра низа од три победи по ред против Слиго, но се стави крај на серијата во април кога Слиго триумфираше на гости со 3-1.
Така се одржа просекот од речиси три погодоци во меѓусебните дуели на овие две екипи, што е најлогично решение да се типува вечерашната средба. Двете екипи се при врвот на табелата во ирското првенство, по што ќе се знае дали Слиго ќе „избега“ на +8 бода, или пак Бохемијанс ќе намали на минимални два бода заостаток по 18 одиграни кола.
Предлог тип: 3+ (2.25)
4810 Спортинг Канзас сити – Лос Анџелес (23:30ч)
Сезоната за Лос Анџелес не тргна според плановите и по девет меча оствари три победи и по исто толку ремија и порази за позиција на осмото место на табелата во Западната конференција.
Екипата која конкурира за титулата во МЛС лигата треба да го подобри учинокот, но ќе има тешка задача да го стори тоа против моментално вториот најефикасен тим на Западот, Канзас сити.
Двете екипи делат по две победи во меѓусените дуели, со тоа што Лос Анџелес последниот го доби со убедливи 5-1, а само еднаш се случило да има помалку од три гола.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.25)
6930 Локомотив Москва – Олимпија Љубљана (17:30ч)
Првпат овие две екипи ќе ги одмерат силите кои веќе ги почнаа подготовките за новата сезона. Локомотив стартуваше со триумф од 3-2 над Жилина, Олимпија ремизираше против Нефчи од Баку и се чини дека позитивен резултат ќе бара во наредните пријателски натпревари.
Рускиот состав е фаворит во средбата и би требало без проблем повторно повеќекратно да ја тресе мрежата на противникот. Екипата од Љубљана не може да се пофали со стабилна одбрана бидејќи во финишот од минатата сезона прими 10 гола во последните четири меча.
Предлог тип: 4+ (2.09)