Локално дерби на стартот на ПМФЛ, Вардар ќе ѝ биде домаќин на Македонија Ѓ.П.

Вардар ќе ѝ биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров во најинтересниот меч од првото коло во македонската Прва лига.

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија имаше ждрепка за новата сезона, а покрај скопското дерби, интересен ќе биде и дуелот меѓу шампионот Шкендија и освојувачот на Купот, екипата на Академија Пандев. Тој дуел ќе се игра во Струмица.

Шампионатот почнува на 11-ти август, а завршницата е во мај.

Двојки, прво коло:

Вардар – Македонија Ѓ.П, Академија Пандев – Шкендија, Струга – Работнички, Шкупи – Борец и Ренова – Силекс.

- Оглас -

Најнови вести