Екипите на Валенсија и Виљареал одиграа 1-1, а ова реми повеќе ги израдува нивните ривали во трката за опстанок, односно Лигата на шампионите.
Со бодот, Валенсија сега е на три бода од опасната зона, но Еспањол и Хетафе може да ја стигнат Валенсија ако победат во своите следни мечеви.
Виљареал губеше на претходните четири гостувања на „Местаља“, па овој нерешен резултат против локалниот ривал е своевиден успех. Жолтата подморница ги губи шансите за место во ЛШ бидејќи има седум бода помалку од четвртиот Реал Сосиедад, а останаа уште пет кола.