Локатели му донесе победа на Јувентус против неговиот Милан (Видео)

Во дербито на деветтото коло во Серија А, фудбалерите на Јувентус како гости го совладаа големиот ривал Милан со 1:0.

Со оваа победа Старата дама се искачи на третото место со 20 бода, еден помалку од Милан и два од лидерот Интер.

Воедно оваа победа на Јувентус на „Сан Сиро“ претставува реванш за двата порази во меѓусебните дуели од минатата сезона (0:1,0:2), а исто така тимот од Торино ја продолжи серијата од четири меча по ред во Серија А без примен гол.

Човек на одлука беше поранешниот фудбалер на Милан, Мануел Локатели кој единствениот гол го постигна во 63-та минута. Локатели стана првиот фудбалер во Серија А кој на дуелите меѓу Милан и Јувентус постигнал гол и за двата тима.

Работата на Старата дама ја олесни Малик Тиав кој во 40-та минута заработи црвен картон поради прекршокот над Моисе Кин како последен играч во одбраната.

- Оглас -

Најнови вести