Јувентус објави дека по натпреварот со Вилјареал, нивниот фудбалер Мануел Локатели имал позитивен резултат на тестирањето за корона-вирус.
Ова внесува дополнителен немир во редовите на Јуве, но му прави главоболка и на италијанскиот селектор Роберто Манчини, кој на една недела пред баражот за СП против Македонија, можеби останува без една опција во средниот ред.
Неизвесно е дали Локатели, кој замина во самоизолација, утре ќе се најде на листата на Манчини или нема да игра во Палермо. Според италијанските медиуми, мали се шансите Локатели да заигра против нашата селекција.