Локомотива и Атлетико Мадрид си разменија голмани, загрепчани испаднаа ќар шест милиони евра

Локомотива Загреб направи одличен договор со Атлетико Мадрид и во размена на двајца млади голмани ќе испаднат и ќар околу шест милиони евра.

На „Ванда Метрополитано“ во Мадрид се пресели Иво Грбиќ, 24-годишниот репрезентативец на Хрватска, за вкупна сума со бонуси од околу шест милиони евра, а во пакетот влегува и 21-годишниот бразилски голман на Атлетико, Алекс Дос Сантос, кој ќе брани за Локомотива.

Грбиќ ќе му биде алтернатива на Јан Облак во Атлетико Мадрид, а сезонава бранеше импресивно за вицешампионот на Хрватска и особено се истакна во клучниот меч со Осиек, што го добија популарните Локоси со 2:1 и се изборија за квалификации во Лигата на шампионите.

Хрватите во последната деценија работат извонредно со трансферите, особено Динамо Загреб, екипа што продаде играчи кои станаа врвни асови во најголемите европски клубови.

За да не биде еднонасочна улица, и Динамо купуваше играчи што вредат неколку милиони евра, нешто што е тешко изводливо за клубовите од поранешна Југославија.

По примерот на Динамо одат и останатите хрватски клубови, па Истра од Пула веќе го купи Антонио Переира, поранешниот играч на шпанскиот прволигаш Алавес.

- Оглас -

Најнови вести