Локум на Мундијалот – Трет ден е и за првпат ќе се играат четири натпревари (Фото)

Денеска е посебен ден на Мундијалот за фудбалските фанатици и за првпат ќе се играат четири натпревари.

Почетокот е во 11 часот со мечот меѓу Аргентина и Саудиска Арабија, премиерен во Ц групата, а фаворитот се знае.

Гаучосите со Лионел Меси како лидер очекуваат не само стартна победа, туку и да се оствари главната цел и Божицата по третпат да се донесе дома.

Ако не загубат од Саудиска Арабија, Аргентинците ќе го израмнат светскиот рекорд на Италија со 37 меча по ред без пораз.

https://twitter.com/Footballient/status/1594852064080838656?s=20&t=pZOlcAihEb-6OvosTKO9GQ

Од 14 часот е вториот меч денеска и прв во Д групата меѓу Данска и Тунис, што може да биде исклучително важен во битката за пласман во следната фаза.

Од 17 часот ќе играат Мексико и Полска во дербито на првото коло во Ц групата.

Победникот од овој меч, ако го има, ќе има огромна предност во обидот да се мине фазата по групи на Мундијалот во Катар.

Во последниот меч на третиот ден од шампионатот ќе го гледаме актуелниот првак Франција против Австралија.

Од 20 часот вечерва Триоколорите ја почнуваат одбраната на титулата што ја освоија во Русија пред четири години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести