Со головите на Жоржињо и на Абрахам Челзи за само четири минути во финишот на мечот успеа да направи пресврт во лондонското дерби и да го победи Арсенал со 2:1.
Топчиите беа подобар ривал во првиот дел и поведоа со голот на Пјер Емерик Обамејанг во 13. минута, а потоа можеа и да ја зголемат предноста, но на полувреме се замина со 1:0 за домаќините.
Челзи се подразбуди во вториот дел, имаше иницијатива и подобри шанси, а успеа да победи со голови во последните десеттина минути.
Бернд Лено не го процени добро летото на топката што од слободен удар ја упати Мејсон Маунт, а Жоржињо го одработи полесниот дел од работата и осамен од два-три метри погоди за израмнување на 1:1.
Арсенал падна во темпото, што го искористија гостите и со прекрасниот погодок на Тами Абрахам и ги освија бодовите.
https://twitter.com/reis_resenha/status/1211313171190992898?s=20
Челзи се зацрвсти на четвртата позиција со 35 бода, а Арсенал остана на 24 бодови на 12. место по 20 кола.