Лондон најмногу му лежи на Габриел Жезус

Габриел Жезус ужива кога игра во Лондон, против екипите од главниот град, а и денеска е стрелец против Вест Хем во премиерниот меч за шампионот Манчестер сити во Премиерлигата.

Бразилецот доби шанса да биде стартер пред Кун Агуеро и со погодок во 25. минута ја продолжи импресивната серија. Има пет гола во низа кога игра против клубови од Лондон и кога биле стартер за Манчестер сити.

Во првото полувреме против Вест Хем, ја искористи одличната асистенција на Кајл Вокер и ја затресе мрежата на домаќините.

 

 

- Оглас -

Најнови вести