Лондон обоен во црно-жолто: Повеќе од 150.000 фанови на Борусија Дортмунд го окупираа градот

Лондон е обоен во црно-жолтите бои на Борусија Дортмунд. Повеќе од 150.000 фанови на германскиот тим пристигнаа во последните два дена во британската престолнина да бидат сведоци на големото финале од Лигата на шампионите во кое нивниот тим ќе се соочи со Реал Мадрид. „Кралевите“ ќе се обидат да стигнат до 15. европска круна, а „милионерите“ имаат само еден трофеј во елитното европско клупско натпреварување.

Но, секако, на навивачите не им недостига фанатичната љубов и култот кон својот омилен клуб, Борусија Дортмунд.

Џејми Карагер (46), легендата на Ливерпул, веќе некое време е член на коментаторскиот тим на „Си-Би-Ес Спортс“, со водителката Кејт Абдо и коментаторите Тиери Анри и Мика Ричардс. Тој го искористи моментот да испие пиво и да запее со фановите на Борусија Дортмунд.

Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва од 21 часот на култниот стадион „Вембли“ во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести