Фудбал финале, тенис финале – Лондон в недела може да биде историски среќен за италијанскиот спорт

Матео Беретини веќе испиша тениска историја откако стана првиот Италијанец кој се пласираше во финалето на Вимблдон. Низ повеќе од едновековната традиција на неофицијалното светско тениско првенство, италијански тенисер не се борел за вредниот трофеј.

Освен на тениското финале, в недела, целиот фокус на италијанскиот спорт ќе биде вперен во Лондон и поради уште едно друго големо финале, финалето на Европското фудбалско првенство. Италијанската фудбалска репрезентација ќе игра на „Вембли“ против домаќинот Англија во борба за континенталниот трон.

Ако Италија никогаш немала победник на Вимблдон, Аѕруите биле европски прваци и тоа еднаш во историјата. Тоа се случи во далечната 1968 година кога на свој терен, на Олимпискиот стадион во Рим, дури по одигрување на повторен меч, со 2:0 ја победија Југославија.

Сега, Италија може со златни букви да го запише Лондон во спортската историја на земјата, доколку Беретини в недела успее да стане првиот Италијанец со титула на Вимблдон, а фудбалската репрезентација да стигне до трофејот на фудбалското европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести