Лондонската пресметка заврши без победник на задоволство на навивачите на Манчестер јунајтед (Видео)

Лондонското дерби помеѓу Вест хем и Тотенхем кое се играше во рамките на 31-вото коло во Премиер лигата заврши без победник 1:1, а најзадоволни од ремито се навивачите, но и фудбалерите на Манчестер јунајтед.

Тотенхем остана на петтото место на табелата со 57 бода, Вест хем е седми со 45 бода, додека помеѓу нив се наоѓа Манчестер јунајтед со 48 бода и натпревар помалку.

Двата гола беа постигнати во воведните минути, Тотенхем поведе уште во петтата минута со голот на Бренан Џонсон, а Чеканите израмнија во 19-тата минута преку Курт Зума.

Со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Барнли и Вулверхамптон и имаше речиси идентично сценарио како дуелот во Лондон. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, но во последните минути. Брун Ларсен во 37-тата минута му донесе водство на Барнли, а Аит-Нури во 45+3 минута погоди за 1:1.

Минимален триумф од 1:0 оствари Борнмут против Кристал палас, и тоа благодарение на голот на Џанстин Клајверт во 79-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести