Лондонскиот дуел е како за мерак за чиста „двојка“

Фулам – Челзи (15:05 ч.)

Лондонски дуел во кој победникот речиси сигурно е познат уште пред да започне дуелот. Фулам игра очајно, нанижа четири порази по ред и со само 17 бодови во 28 меча, само чудо може да го спаси да не испадне на крајот од сезоната. Челзи е во трка за место кое води во Лигата на шампиони и никако не смее да си дозволи кикс на ова гостување.

Проблем за Челзи е тоа што загуби на последните три гостувања во првенството, но Фулам е одлична можност да се прекине таа низа.

Предлог тип: 2& 2-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Евертон – Ливерпул (17:15 ч.)

Мерсисајд дербито секогаш има посебен шмек. Ако се гледа изгледот на табелата, Ливерпул мора да брка победа, а Евертон е спокоен на средината на табелата. Сепак, кога се работи за вакво дерби, нема предавање, а мотивацијата е на највисоко ниво.

Ливерпул седум години нема пораз на „Гудисон парк“ во првенството, но овојпат ќе мора да брка победа. Фактот дека гостите нема да смее да калкулираат, а Евертон ќе игра без притисок, најавува дека би требало да има погодоци.

Предлог тип: T22+&ГГ (2.75) – квота на денот во Sport Life

 

Наполи – Јувентус (20:30 ч.)

Ако некој може да го сопре налетот на Јувентус, тоа сигурно е Наполи. Иако се работи за дуел на прво и второпласираниот на табелата, Јувентус има комотна предност од дури 13 бодови, па на ова гостување не е под никаков притисок.

Во последните пет меѓусебни средби, двете екипи имаат по две победи, а еден меч завршил нерешено. Јувентус сезонава на гости има 11 победи и само едно реми, со само седум примени голови. И Наполи нема пораз дома, па во 13 дуели се радуваше 10 пати, а три средби одигра нерешено.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Олимпик Марсеј – Сент Етјен (21 ч.)

За Олимпик Марсеј ова дерби доаѓа во вистинско време, бидејќи во последните четири меча има три победи и едно реми. Сент Етјен е со два бода повеќе во однос на Марсеј и е на последната позиција која води излез во Европа за следната сезона.

Олимпик ќе биде без Амави кој е суспендиран поради црвен картон и повредениот Стротман, додека кај гостите ќе го нема Бразилецот Габриел. Пред нешто повеќе од еден месец овие екипи играа, а Сент Етјен како домаќин победи со 2:1 и тоа со пресврт во второто полувреме. И денеска се очекуваат голови на дербито во Франција.

Предлог тип: 1-3&1-3 (1.88)

 

Аталанта – Фиорентина (18 ч.)

За Фиорентина ова ќе биде посебен меч, бидејќи се одбележува една година од смртта на нивниот капитен Давиде Астори. Овие два тима играа пред само пет дена и тоа во Купот на Италија, но во Фиренца. Мечот беше вистинска голеада, а на крајот заврши 3:3. Тоа е доволна најава дека и денеска треба да очекуваме да нема многу калкулации меѓу екипите кои се на 8-то и 9-тото место во Серија А.

Фиорентина на гости има дури седум нерешени, а Аталанта игра на инспирација и може да победи фаворит, но и неочекувано да загуби.

Предлог тип: 2-3 гола (2.03)

 

 

- Оглас -

Најнови вести