Еден ден по почетокот на типувањето за новото трето коло сезонава од бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, веќе полека навестува кои тимови им се фаворити на прогнозерите, а прогнозирањето трае до сабота во 14 часот, па процентите може и драстично да се сменат.
Колото ќе го отворат екипите на Мајорка и Виљареал, а главниот предизвик ќе биде лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал. Над половина од оние прогнозери кои веќе се изјасниле типуваат победа на Топчиите, а во победа на Тотенхем веруваат само 14 отсто.
Многу поголема е поделеноста кај другата лондонски пресметка, помеѓу Фулам и Вест хем. За победа на Фулам се 38 проценти, а 27 проценти за Вест хем, додека останатите речиси 35 отсто сметаат дека ќе биде нерешено.
Најголеми фаворити со над 70 отсто доверба засега се Волфсбург против Ајнтрахт, Еспањол против Алавес, Севиља против Хетафе, Аугсбург против Санкт Паули, Нант против Ремс и Њукасл против Вулверхемптон.
Не заборавајте да ги одиграте и резервните натпревари, кои се бројат во генералниот пласман.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека две утки ви носат ваучер од 500 денари.