Лондонско дерби на два непредвидливи тима

1630 ПСВ – Херенвен (18.45 часот)

Ова е дуел на двете екипи кои во моментов имаат најдолги победнички серии во Холандија. Тимот од Ајндховен е перфектен засега сезонава во лигата, има максимални 14 победи во 14 кола и страшна гол-разлика од 50-6, па против кого и да игра дома, е голем фаворит. Херенвен е седми на табелата, а во дуел со ПСВ влегуваат разиграни, со три победи по ред и три меча на кои даваа по три гола. Во минатата сезона кога се сретнаа на стадионот „Филипс“, средбата заврши 3-3.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.91)

 

1181 Евертон – Њукасл (20.30 часот)

Њукасл е тим со најмалку примени голови во Премиер лигата, а Евертон има дадено само 15 гола во 14 кола. Ова се екипи кои многу ретко играат нерешено. Карамелите имаат три победи во последните пет кола, но се бори за опстанок откако им одземаа 10 бода, а Њукасл се бори за место во европските купови. Кај Чавките огромна е листата на повредени, но и покрај тоа, бележат добри резултати, затоа се фаворити и вечерва.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

2930 Брест – Стразбур (20.30 часот)

Брест има две победи по ред во француската лига, на тие два меча даде вкупно 6 гола, сега оди по хет-трик, а Стразбур нема добиено меч уште од 24 септември. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови завршија со 0-2 гола, а имаше едно реми и по една победа на двата тима. Брест има осум бода повеќе од Стразбур, бројките кажуваат дека тешко може да има дожд од голови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.82)

 

2927 Андерлехт – Стандард Лиеж (20.30 часот)

Старите белгиски ривали играат меч од осмифиналето на Купот, а се игра еден меч без реванш. Квотите го фаворизираат Андерлехт, кој е во налет, има пет победи и една нерешена на последните шест меча во сите натпреварувања. Пред еден и пол месец овие екипи играа меѓу себе лигашки меч во Лиеж, Стандард победи со 3-2, а Андерлехт водеше 2-0. И пред тоа играа ефикасни два меча со 4-5 гола. Лиеж има три порази по ред на гостувањата, Андерлехт дома редовно прима гол, но не губи.

Предлог тип: ГГ (1.82)

 

1182 Тотенхем – Вест хем (21.15 часот)

Тотенхем освои само еден бод во последните четири кола, но уште е во трка дури и за титулата, додека Вест хем освои седум бода во последните три кола и има шест бода помалку од Петлите, кои се непредвидливи. Тотенхем на последните пет меча и даваше и примаше гол, а Вест хем на последните четири во Премиер лигата играше ГГ. Чеканите од 2019 година не победиле на гости кај Тотенхем. За Тотенхем време е да ја прекине серијата од два домашни порази по ред.

Предлог тип: & 3+ (1.91)

- Оглас -

Најнови вести